ИСКУСНИОТ ГОЛМАН СЕ ВРАТИ ВО НОМИНАЦИИТЕ НА ЕХФТВ

Двојната одбрана на Штербик е трета најдобра во ЛШ (ВИДЕО)

По пауза од едно коло, Арпад Штербик повторно се најде меѓу најдобрите во изборот на ЕХФТВ. Главниот столб во одбрата на Вардар ја има третата најдобра одбрана за седмото коло во Лигата на шампионите.

објавено: 13 ноември 2017 - 08:00

Арпад Штербик во првото полувреме беше нерешлива енигма за ракометарите на ППД Загреб. Вардаровиот голман во првиот триумф на својот тим на гостувањата кај хрватскиот тим во Лигата на шампионите имаше 17 интервенции, 13 од нив ги запиша во првите 30. минути.

Сосема очекувано двојната одбрана на Штербик се најде во изборот на ЕХФТВ, кој ја смести на третото место.

Уживајте уште еднаш во оваа мајсторија на „Арпад Велики'.

Најдобрите пет одбрани за седмото коло може да ги видите ТУКА. 

Најново во Ракомет