Голема чест за Македонецот

ЕХФ го избра Лазаров за најдобар во декември

Македонскиот ракометар во изборот на ЕХФ беше прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите за последниот месец во минатата година. Кај дамите, пак, ова признание замина кај Нике Грот

објавено: 11 јануари 2017 - 16:16

Ако утрото се познава денот, ова треба да биде година на Кире Лазаров. Капитенот на македонската репрезентација пред почетокот на Светското првенство беше прогласен за најдобар ракометар за декември, 2016 година. Воедно, ова е прво вакво во неговата кариера.

Иако додуша ова беше благодарение на игрите прикажани во декември, минатата година. Сепак, наградата дојде на самиот почеток на Мундијалот.

„Голема чест претставува за мене што бев избран за најдобар ракометар во декември, бидејќи ова е прва ваква чест во мојата кариера" изјави Лазаров за ЕХФ.

„Големиот број на ракометни ѕвезди кои што се дел од европските натпреварувања и даваат дополнителна тежина на оваа награда. Благодарност до сите тие кои што го дадоа гласот за мене" се зборовите на нашиот најдобар ракометар.

Покрај десниот бек на Барселона, наградата за најдобра ракометарка за последниот месец од минатата година замина кај Нике Грот од Ѓер.

Најново во Ракомет