„КАРТИТЕ“ СЕ ОТВОРЕНИ, СЕ ЧЕКА ОДГОВОР

ЕХФ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ: Вардар има сигурно место, Металург ќе се „тресе“

ЕХФ го објави списокот на екипи кои аплицираа за место во Лигата на шампионите за следната сезона. 

објавено: 7 јуни 2018 - 15:13

ЕХФ го објави списокот на екипи кои аплицирале за место во Лигата на шампионите за следната сезона. Дури 34 тима имаат желба да бидат дел од елитното натпреварување во кое ќе има место само за 28 клубови.

Секако на овој список се најде Вардар, кој има загарантирано место, додека Металург ќе чека позитивен одговор на 18 јуни за кого е закажан состанокот на ИК во Глазгов.

Она што е доста интересно што европскиот првак Монпелје нема загарнтирано место, бидејќи како шампион на Франција истото ми припаѓа на ПСЖ чиј тренер од следната сезона ќе биде Раул Гонзалез.

 

Најново во Ракомет