ПРЕД СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА

ЕХФ потсетува, а Македонија се гордее: ЛШ почна во Битола, титулата ќе ја брани Скопје

На 15 дена пред стартот на новата сезона во Лигата на шампиони, Европската ракометна федерација на својата официјална „Твитер“ страница потсети дека ова натпреварување почна во Битола. 

објавено: 29 август 2017 - 11:22

На 15 дена пред стартот на новата сезона во Лигата на шампиони, Европската ракометна федерација на својата официјална „Твитер" страница потсети дека ова натпреварување почна во Битола. Пред 24 години, Пелистер на 29 август го пречека тимот на Целје Пивоварна Лашко кој победи со 23-22.

Овој податок уште повеќе радува, ако се додаде дека во 25. сезона во Лигата на шампионите, токму македонски тим е бранител на титулата. Вардар во финалето преку моќниот ПСЖ го подигна европскиот пехар и пиша историја.

Инаку новата сезона започнува на 13 септември со дуелот меѓу Бешикташ квалификант.

 

Најново во Ракомет