ЕВРОПСКАТА РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА ИЗЛЕЗЕ СО ЧУДЕН НАТПИС

ЕХФ предвреме го смести Флензбург на Фајнл-форот

Откако Европската ракометна федерација реши на реванш мечот во Скопје, на дуелот меѓу Вардар и Флензбург, бидат делегирани дански судии, на официјалната интернет страница излезе со помалку чуден текст - „Пет причини зошто Флензбург треба да се пласира во завршницата“. 

објавено: 21 април 2017 - 19:42

Данското сценарио на македонскиот шампион на реванш мечот во Скопје меѓу Вардар и Флензбург полека добива логика. „Спортмедиа“ пред два дена ја откри причината зошто Вардар би можел да биде „ограбен" во четвртфиналната битка против германскиот тим во ракометната Лига на шампиони.

Откако Европската ракометна федерација реши на реванш мечот во Скопје, на дуелот меѓу Вардар и Флензбург, бидат делегирани дански судии, на официјалната интернет страница излезе со по малку чуден текст - „Пет причини зошто Флензбург треба да се пласира во завршницата".

И сето ова немаше да предизвика сомнежи доколку ЕХФ истото го стореше за останатите екипи и направеше анализа... Европската федерација реши да ги издигне само Кил и Флензбург. Според новинарите на ЕХФ историјата, искуството, останатите лиги во кои се натпреваруваат двете екипи поточно нивниот квалитет, тактиката и ситуацијата во која се наоѓаат, се петте доволни причини поради кои Флензбург треба да се пласира на Фајнл-форот, а не Вардар.

Дали ЕХФ заборави дека само поради еден гол, Вардар во 2014 година не успеа да се пласира на завршницата во Лигата на шампиони. Дали ЕХФ заборави дека македонскиот тим ја игра најдобрата сезона досега, заврши како лидер во групата Б, а со тоа си обезбеди и директен пласман во четвртфиналето. Дали ЕХФ заборави дека избраниците на Раул Гонзлаез го освоија шампионскиот пехар во СЕХА Газпром лигата откако во финалето го совладаа Веспрем.

И она што е најважно: Вардар знае да победува на германско тло, на своја кожа најдобро го почуствува Рајн Некар Левен, а желбата и мотивацијата да се победи Флензбург во таборот на македонскиот шампион е голема.

И на крај да не заборавиме по дуелот во Флензбург, германскиот тим доаѓа во вулканот „Јане Сандански“ каде ретко кој може да ја преживее пеколната атмосфера...

Најново во Ракомет