ДО ЛАНИ НЕ ПОСТОЕВМЕ, А СЕГА СМЕ ГЛАВНИ

ЕХФ ПРОДОЛЖУВА СО КОМПЛИМЕНТИТЕ: Скопје е главен ракометен град на Европа

Ако до минатата сезона Вардар за ЕХФ не постоеше, по освојувањето на титулата работите се променија. Европската ракометна федерација продолжува со комплиментите за македонскиот тим. 

објавено: 29 август 2017 - 13:35

Ако до минатата сезона Вардар за ЕХФ не постоеше, по освојувањето на титулата работите се променија. Европската ракометна федерација продолжува со комплиментите за македонскиот тим. 

Вардар го оствари најголемиот успех во историјата, во годината во која Кометал Ѓорче Петров славеше 15. годишен јубилеј од освојувањето на титулата во Лигата на шампиони. Пласманот на двете екипи на „црвено-црните“ на Фајнл-форот, а потоа и во финалето го направи Скопје - главен ракометен град на Европа. 

„Скопје е единствениот град во историјата на ЕХФ, кој има шампион во женска (Кометал ЃП) и машка конкуренција (РК Вардар). Во сезоната 2016/17 двата тима на Вардар се пласираа на Фајнл-форот и играа финале. Скопје е главен ракометен град на Европа", стои во текстот на ЕХФ пред стартот на новата сезона.

Вардар одбраната на титулата ја почнува на гости против Висла Плоцк.

Најново во Ракомет