ПРЕД СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА

ЕХФ РАНГИРАШЕ: Вардар е четврта европска сила, „Јане Сандански“ ќе биде најпеколна арена

Европската ракометна федерација со помош на новинарите направи листа на 10 најдобри екипи. Европскиот и македонски првак, Вардар се најде на четвртата позиција, зад Келце, Барселона и ПСЖ. 

објавено: 30 август 2017 - 09:44

Европската ракометна федерација со помош на новинарите направи листа на 10 најдобри екипи пред стартот на новата сезона. Европскиот и македонски првак, Вардар се најде на четвртата позиција, зад Келце, Барселона и ПСЖ. 

Во новата сезона ќе се натпреваруваат 28 екипи, дописниците на ЕХФ од сите земји рангирањето го направија според игрите во подговителниот период. Иако можеби поголем дел од стручњаците се скептични дека Вардар може повторно да го подигне трофејот, сепак во едно се соогласуваат - атмосферата во „Јане Сандански“ ќе биде попеколна од било кога,

„Пред три месеци, играчите на Вардар беа поздравени како национални херои во Скопје, една третина од населението во главниот град излезе на улиците за да го прослават победничкиот пехар во Лигата на шампиони. Затоа, очекувањата се уште високи, а атмосферата во „Јане Сандански“ ќе биде попеколна од било кога. Сепак, Вардар остана без својот врвен играч, Алекс Дујшебаев, кој замина за да му се придружи на својот татко во Келце. Вардар го доведе Даини Кристопанс, кој сè уште се прилагодува на новиот тим. Од него се очекува да ја зајакне одбраната на Вардар оваа сезона“, се вели во објаснувањето на ЕХФ за ранкингот на Вардар. 

Инаку на првото место на оваа топ 10 листа е ПСЖ, кој никако не успева да го подигне победничкиот пехар. Минатата сезона на патот му застана на Вардар, да се надеваме дека и оваа ќе бида така. 

ТОП 10 ЛИСТА НА ЕХФ

10. Пик Сегед (Унгарија)

9. Нант (Франција)

8. Фленсбург (Германија)

7. Веспрем (Унгарија)

6. Рајн Некар Ловен (Германија)

5. Кил (Германија)

4. Вардар (Македонија)

3. Виве Киелце (Полска)

2. ФК Барселона Ласа (Шпанија)

1. ПСЖ (Франција)

Најново во Ракомет