ОДЛИЧНА НАЈАВА ЗА ПЕКОЛНА АТМОСФЕРА ВО СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

ЕХФ: Вардар-Рајн Некар прогласен за меч на колото во ЛШ

После две кола во групата А избраниците на тренерот Парондо се на првото место со четири бодови, следниот трет меч во ЛШ ќе го имаат во Унгарија против Веспрем на нашиот Дејан Манасков.

објавено: 25 септември 2018 - 13:30

Во меѓувреме Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Рајн Некар Левен на Филип Талески е прогласен за меч на колото.

Оваа средба ќе се одигра на 6. октомври со почеток од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански" - Скопје кога се очекува уште поголем број на навивачи на трибините.

Исто така ЕХФ најавува дека ваков статус во петтото коло ќе има мечот во Хернинг, Данска помеѓу екипите на Скјерн и ПСЖ на македонскиот селектор Раул Гонзалез.

Најново во Ракомет