ДВА ДЕНА ПРЕД СТАРТОТ НА ВИСТИНСКОТО

ЕХФ вели дека десните бекови се слабост, ама како да го заборави Раул - „магионичарот“

ЕХФ пред стартот на фајнл-форот направи мини анализа на сите учесници. 

објавено: 24 мај 2018 - 10:10

Остануваат уште два дена пред стартот на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. За првпат во историјата три француски тима ќе се борат за титулата, која пак ќе ја брани Вардар. Македонскиот и европски првак во полуфиналето (сабота, 18 часот) силите ќе ги одмери со Монпелје, додека во втората двојка ќе се сретнат ПСЖ и Нант.

Пред почетокот на македонско-француската „војна“, ЕХФ направи мини анализа на екипите. Фановите на Вардар се Х-факторот, додека најслаба точка се десните бековите.

„Овој тим на Вардар во Келн нема што да загуби. Ја освоиа титулата минатата сезона, одбраната на истата ќе биде бонус. Слично како и женскиот состав, ракометарите на последното заедничко патување ќе дадат се од себе, бидејќи голем дел од нив заминуваат, заедно со тренерот. Лука Циндриќ, Илија Абутовиќ, Жоан Кањелас или пак Арпад Штербик ја завршуваат ерата во Македонија".

ДЕСНИТЕ БЕКОВИ СЕ СЛАБОСТ

„Минатата сезона опасноста доаѓаше од сите страни, но оваа тоа не е случај. По заминувањето на Алекс Душебаев, десната бековска позиција е проблем. Македа не е констанатен на секој меч, додека Кристопанс може да заглави со ниските играчи на Монеплје. Оваа слабост може да ја искористи тренерот на францускиот тим Патрис Канаје“.

ФАНОВИТЕ СЕ Х-ФАКТОР

„Минатата година, вардаровите фанови„гореа". Токму затоа моќе да бидат главната сила, како во Скопје. На Вардар ќе му бидат фановите за да ги добие француските тимови“.

Најново во Ракомет