Новиот двомеч на старите ривали ќе биде во фокусот

ЕХФ знае што е добро, мечот Флензбург - Вардар е дерби на неделата во ЛШ

Новиот двомеч меѓу Вардар и Флензбург ќе биде во фокусот на вниманието во ракометниот свет, а првиот меч што ќе се игра во Германија на 22.април е прогласен за дерби на неделата во Лигата на шампионите од страна на ЕХФ

објавено: 16 април 2017 - 13:35

Новиот двомеч меѓу Вардар и Флензбург ќе биде во фокусот на вниманието во ракометниот свет, а првиот меч што ќе се игра во Германија на 22.април е прогласен за дерби на неделата во Лигата на шампионите од страна на ЕХФ.

И челниците на европската ракометна федерација знаат што е добро, а двомечот од 2014 година меѓу двете екипи, што пак ќе играат за пласман на фајналфор турнирот се уште се памети.

„Двомечот меѓу Флензбург и Вардар буди спомени од 2014 година, кога германскиот тим во еден од најнеизвесните двобои во Лигата на шампионите го елиминира Вардар, благодарение на повеќе постигнати голови на гости. Се очекува и овојпат да биде интересно, а и двата тима се во одлична форма. Шансите на Вардар никогаш не биле толку реални како сега. Вардар можеби е мал фаворит, но Флензбург го игра првиот натпревар дома, имаат сѐ што им треба да победат и да си обезбедат шанса да стигнат во Келн, за последен пат, под водство на Љубомир Врањеш", велат од Е“ХФ.

Вардар пред 3 години беше на прагот да го елиминира Флензбург, но Егерт на 11 секунди до крајот погоди и им донесе на Германците учество на Ф4 во Келн. Тогаш вкупниот резултат беше израмнет по двата меча, но Флензбург постигна повеќе голови на гости, мина понатаму, а потоа направи подвиг и ја освои и шампионската круна.

Сега пак ќе гледаме двомеч меѓу истите ривали. Првиот меч се игра на 22,.април во Фленс арена од 17,30 часот, а реваншот е закажан за 27. април во Скопје од 19 часот.

Најново во Ракомет