ТРЕНЕРИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ОДЛУЧИЈА

Екс-вардарците Гонзалез, Штербик и Циндриќ се најдобри

Како вовед на новата сезона во Лигата на шампионите, ЕХФ традиционално спроведе анкета, тренерите гласаа за најдобар тим, атмосфера.... 

објавено: 13 септември 2018 - 13:37

Како секоја сезона, така и оваа, ЕХФ спроведе анкета меѓу тренерите, кои имаа за задача да го „скројат“ идеалниот тим, како и најдобра спортска Арена.

Гласовите за најдобар тренер отидоа на адресата на Раул Гонзалез, кој за еден глас беше подобар од стратегот на Монпелје, Патрис Канаје, кој минатата сезона го надмудри Шпанецот во полуфиналето на Ф4 во Келн, а потоа стигна до шампионската титула.

Она што е доста интересно е дека двајца екс-вардарци се најдоа во Ол-стар тимот. Најдобар голман без сомнение е Арпад Штербик, додека најдобар централен бек е Лука Циндриќ. Идеалниот тим го сочинуваат, Уве Генцхајмер, Микел Хансен, Дика Мем, Давид Балгер и Лудовик Фабрегас.

Иако со години СЦ „Јане Сандански“ е преполна и има одлична атмосфера, сепак одлуката падна на Веспрем Арената. Салата во која игра Вардар се најде на второто место.

Деталите околу гласањето може да ги видите на овој ЛИНК.

 

Најново во Ракомет