ПИК СЕГЕД НА ГОЛЕМО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДУЕЛОТ СО ВАРДАР

Екс-вардарецот Харбок порачува: Доаѓа шампионот, само со перфекција ќе го урнеме

„Ќе се соочиме со европскиот првак, одличен тим против кој е многу тешко да се игра. Вардар има одличен тим, со одлични играчи на секоја позиција и извонреден голман“, вели левиот бек.

објавено: 5 октомври 2017 - 14:25

ПИК Сегед е целосно насочен кон натпреварот против Вардар во рамките на 4. коло во Лигата на шампионите. Иако унгарскиот вицепрвак зад себе има одлична серија и во елитното натпреварување, но и во тамошното првенство, и игра на домашен терен, сепак е свесен дека против „црвено-црните" нема право на грешка.

Екс-вардарцецот, Сергеј Харбок, кој веќе две години дресот на ПИК Сегед, предупредува дека мора да одиграат перфектно, доколку сакаат да му го нанесат првиот пораз на европскиот првак оваа сезона. 

„Ќе се соочиме со европскиот првак, одличен тим против кој е многу тешко да се игра. Мора сето она што го работиме на тренинзите, перфектно да го спроведеме на натпреварот ако сакаме позитивен резултат.

 

Мора да бидеме дисциплинирани во играта и тактички точни. Секако, на секој натпревар одиме на победа. Но, јасно е дека Вардар има одличен тим, со одлични играчи на секоја позиција и извонреден голман. Исклучително силен тим против кој мора да одиграме компактно и ако сакаме победа", потенцира левиот бек на Пик Сегед, Сергеј Харбок.

Најново во Ракомет