НОВАТА УЛОГА МУ ГОДИ, НО СКОПЈЕ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИ

„Ел Команданте“ за бајката со Вардар: Беше неверојатно! Ја освоивме титулата, не знам како, но успеавме!

Раул Гонзалез по четири години минати на „кормилото“ на македонскиот првак, отвори ново поглавје во својата кариера. Од оваа сезона шпанскиот стратег го предводи ПСЖ. 

објавено: 19 ноември 2018 - 08:39

Раул Гонзалез со Вардар испишаа бајка во Лигата на шампионите. Кога никој не веруваше, шпанскиот стратег заедно со момците од златната генерација се искачија на тронот на Европа, момент кој ќе се прераскажува долго време и тоа не само од нас Македонците.

Една година подоцна Вардар одново се најде во Ф4 во Келн, но не успеа да ја смени традицијата и да постане првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата. По завршувањето на оваа сезона дојде време за разделба, ПСЖ го „грабна“ Гонзалез. Шпанскиот стратег ги смени боите, но навиките останаа исти. Со францускиот тим засега се единствени без пораз во ЛШ.

Иако за Раул во моментов се е совршено, сепак Скопје ќе остане во неговото срце...  

„Во Вардар се беше неверојатно. За првпат ми беше доворена тренерската позиција, времето мина брзо. Ја освоиме шампионската титула, не знам како, но успеавме. Македонија живее за ракометот. Таму имаше време за сè, да се подготвиш, клубот е совршен за тренинг. Бевме фокусирани само кон Лигата на шампионите, тука е различно“, вели Раул за ЕХФТВ.

Шпанецот се присетува на почетоците во Скопје, потенцирајќи дека во ПСЖ работите стојат поинаку. 

„На почетокот беше тешко, но потоа бевме се подобри. Тука  поинаку, различен систем на работа, различен тренинг, ракометарите мора да ја разберат она што го барам, но играме подобро“. 

Целото интервју може да го прочитате на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет