Барса и Веспрем во првиот шешир пред ждрепката во ЛШ

ЕВРО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Вардар е во втората група!?


Ракометарите на Вардар ќе бидат сместени во вториот шешир пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, која ќе се одржи в петок на 30 јуни.

објавено: 26 јуни 2017 - 20:54

Иако се европски прваци, сепак, ракометарите на Вардар ќе бидат сместени во вториот шешир пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, која ќе се одржи на 30 јуни.

Изненадувачки по нашиот и шампионот на Европа, Европската ракометна федерација ги смести Барселона и Веспрем во првиот шешир и овие два тима ќе бидат носители на групите А и Б од елитното натпреварување.

Заедно со Вардар во вториот шешир е минатогодишниот шампион Киелце, кој нема да може да му биде противиник на „црвено-црниот" тим, а тоа автоматски значи дека вториот полски тим Висла Плоцк ќе биде еден од противниците на Вардар.

Ова е поради фактот дека два тима од иста држава не можат да бидат дел од иста група.

1 шешир: Веспрем, Барселона
2 шешир: Вардар, Киелце
3 шешир: ПСЖ, Рајн Некар Левен
4 шешир: Загреб, Алборг
5 шешир: Висла, Мешков Брест
6 шешир: Целје, ПИК Сегед
7 шешир: Фленсбург, Кристијанштад
8 шешир: Кил, Нант

Освен Вардар, во следното издание на Лигата на Шампионите ќе се натпреварува и Металург.

Но тимот од Автокоманда, заедно со шпанскиот Адемар Леон ќе ја предводи групата од 12 клубови кои ќе бидат дел од квалификациските групи „Ц“ и „Д“ кои ќе се борат да влезат во елитната дивизија. 

 

 

Најново во Ракомет