ТЕШКО ЌЕ БИДЕ ДА СЕ ОДБРАНИ ЕВРОПСКИОТ ТРОН

Европскиот крал Вардар повторно против Кирил Лазаров во Лигата на шампиони

Секогаш е потешко да се одбрани тронот отколку да се освои, а тоа го знаат и „црвено-црните“

објавено: 30 јуни 2017 - 22:05

Актуелниот европски првак Вардар ќе има тешка задача во походот да го одбрани европскиот трон во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ на почетокот на овој месец направија изненадување, откако на фајнл-фор турнирот во Келн стигнаа до златниот медал.

Вардар во полуфиналето ја победи Барселона, а во борбата за златото, минимално со еден гол разлика славеше и над Пари Сен Жермен. Тоа беше прв, историски успех на Вардар.

На ждрепката за новата сезона, Вардар бее во вториот барабан, а се падна во групата А, каде носител е екипата на Барселона, а тука се и екипите на Рајн Некар Левен, Загреб, Висла Плок, Сегед, Кристијанштед и Нант. 

За екипата на Нант во новата сезона ќе настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, додека во екипата на Рајн Некер е македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој ќе игра против актуелниот европски првак. 

Најново во Ракомет