ПО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ КОЛА ВО ЛШ

ФАКТИТЕ ВЕЛАТ: Вардар со Парондо има подобар старт од лани

Минатата сезона македонскиот првак предводен од Раул Гонзалез во првите четири кола имаше три победи и едно реми.

објавено: 6 октомври 2018 - 19:12

Роберто Гарсија Парондо одлично го надогради она што неговиот сонародник, Раул Гонзалез му го остави по заминувањето во ПСЖ. Новиот стратег на Вардар не само што успеа да пронајде формулата за успех во период кога тимот се соочуваше со бројни повреди, по четвртото коло има подобар старт од „Ел Команданте".

Лани Вардар имаше три победи и едно реми, оваа сезона „црвено-црната" машинерија гази добро, има четири од четири. И тоа против бранителот на титулата, Монпелје и Веспрем на гостински терен, Кристијанштад и Рајн Некар пред своја публика.

Сепак успехот на Раул воопшто не е лесен за надминување, ако се земе во предви целата сезона. Пред Парондо е голем предизвик, групната фаза да ја заврши без ниту еден пораз, а потоа да се најде на фајнл-фор завршницата во Келн.

Но, како што рече скромниот Шпанец, рано е, има уште десет меча до крајот групната фаза.

Најново во Ракомет