БЕКОТ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ПОЛНИОТ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Флензбург се „остри“: Можеме да го победиме Вардар во Скопје

Двата гола негатива (26-24) пред реванш дуелот во Скопје, не ги плаши ракометарите на германскиот тим. Добрата игра во второто полувреме против Вардар им дава надеж дека сепак ќе се изборат за место на Фајнл-форот. 

објавено: 24 април 2017 - 16:00

Двата гола негатива (26-24) пред реванш дуелот во Скопје, не ги плаши ракометарите на германскиот тим. Добрата игра во второто полувреме против Вардар им дава надеж дека сепак ќе се изборат за место на Фајнл-форот.

Бекот на Флензбург, Лауге Шмидт е свесен дека во „Јане Сандански“ ги чека полна атмосфера, но тоа нема да биде пречка, желбата и мотивацијата да се пласираат на завршницата во Келн е подеднакво голема. 

„Се уште имаме шанси, тоа го покажавме во второто полувреме. Верувам дека можеме да ги победиме во Скопје. Првото полувреме одигравме лошо, но ако и во реваншот држиме темпо како што игравме во второто полувреме тогаш имаме шанса за победа на гости", смета бекот на Флензбург, Лауге Шмидт.

 

Најново во Ракомет