Како изгледаше претходниот дуел на овие две екипи во Скопје

Еднаш се „спасија“ од Вардар и испишаа историја, сега е време за одмазда (ФОТО)

Овие две екипи како што е познато ги одмерија силите во истата фаза, а тогаш на пласманот се радуваше германскиот тим кој на еден среќен начин успеа да се спаси од налетот на „црвено-црните" кои победија дома со 27:25, но, тоа не беше доволно за прв Фајнл-фор. 

објавено: 27 април 2017 - 12:00

Екипата на Флензбург во 2014 година ја имаше една од своите најдобри сезони во историјата. Овој германски тим стигна до титулата во Лигата на шампионите прваво својата историја. На тој пат, Флензбург го мина и македонскиот шампион Вардар, и тоа на еден навистина среќен начин.

Во првиот меч, резултатот во Германија изнесуваше 24:22 за овој германски колектив, додека на реваншот во тогашниот СЦ „Борис Трајковски", пред повеќе од 6.000 навивачи, Вардар тргна во мисијата победа со три или повеќе голови. Но, за жал не успеа. „Црвено-црните" триумфираа со 27:25, и поради податокот дека повеќе голови даде гостинот во Скопје, токму Флензбург беше понатамошниот патник.

Таа „пирова" победа ги разочара вардарци и публиката а ракометарите беа струполени на подот со растажени лица. Да се потсетиме како изгледаше тој меч низ фотогалеријата подоле. А се надеваме дека по вечерашниот натпревар, страните ќе бидат променети, односно дека Вардар ќе биде тој што ќе се радува на својот прв, историски фајнл-фор.

Најново во Ракомет