ГЕРМАНЦИТЕ ПРИЗНАВААТ ДЕКА ВАРДАР ИМА ОДЛИЧНА ПУБЛИКА

Флензбург знае каков „пекол“ го чека во „Јане Сандански“

Само 60. минути го делат Вардар од историја. Избраниците на Раул Гонзалез вечерва (19 часот) никогаш не биле толку близу до пласман на завршницата во Келн, имаа предност од два гола (26-24) и максимална поддршка од трибините.

објавено: 27 април 2017 - 09:35

Само 60. минути го делат Вардар од историја. Избраниците на Раул Гонзалез вечерва (19 часот) никогаш не биле толку близу до пласман на завршницата во Келн, имаа предност од два гола (26-24) и максимална поддршка од трибините.

Скопје денеска живее за ракометот, СЦ „Јане Сандански“ ќе биде исполнет до последното место, „вулканот“ е подготвен да го покори германскиот тим. Иако Флензбург со голем отпимизам допатува во реванш натпреварот, сепак ракометарите и стручниот штаб се свесни дека ги очекува вистински „пекол“.

Стратегот на германскиот тим, Љубомир Врањеш признава дека публиката ќе биде главниот мотор на Вардар, но и дека предноста на домашен терен одамна не носи привилегии кај судиите. Во овој случај е во право, особено ако се земе во предвид дека правдата на теренот ќе ја делат дански судии.

„Домашен или гостински терен, тоа не мислам дека носи предност како што било пред 10-15 години, кога судиите 'свиреа' за домашните тимови. Видовте и во Флензбург, а го гледаме и низ другите мечеви. Единствено публиката може да ја крене својата екипа, да биде главниот мотор и мотив. Инаку нас ни е се едно каде играме, и дома и на гости ние ја играме нашата игра", смета Врањеш.

 

Најново во Ракомет