КРУГОТ СЕ СТЕСНУВА, БИТКАТА СЕ РАЗГОРУВА

Франција и Вардар по историја

Доколку Вардар, ПСЖ, Нант и Монпелје го минат четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе имаат шанса да пишат историја. 

објавено: 1 април 2018 - 21:16

Викенд исполнет со изненадувања, но и очекувани резултати. Двата најголеми кандидати за освојување на шампионската титула, Барселона и Веспрем предвреме ја завршија сезоната во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант и рекордер по освoени европски круни беше елиминиран од Монпелје, кој е третиот тим од Франција кој ќе се бори за место за фајнл-форот во Келн, заедно со ПСЖ и Нант. 

Доколку француските екипи успеат да го минат четвртфиналето, ќе постанат втората земја која во завршницата на ова натпреварување имала три претставника. Ова претходно и успеало само на Германија и тоа во сезоната 2008/09, но по стариот формат на натпреварување. Покрај Кил, Хамбург и Рајн Некар, во трката за титулата се бореше и Суидад Реал. Победник беше шпанскиот тим, кој во финалето беше подобар од „зебрите“. Во новиот формат на Ф4 досега не се случило да учествуваат три екипи од иста држава.

По десет години може да се случи слично сценарио. Во Келн може да ги видиме на едно место ПСЖ, Монпелје, Нант и секако посакуваме тоа да биде Вардар. Раул Гонзалез и неговите избраници имаат шанса да пишат историја, да ја одбранат титулата во ЛШ, нешто што не му успеало на ниту еден тим. „Црвено-црните“ местото на фајнл-форот ќе го бараат против Кил, првиот меч го играат на гостински терен 18 до 22 овој месец, додека реваншот ќе биде во Скопје на 28 или 29 април.

Останатите четвртфинални двојки ги сочинуваат: Монпелје - Фленсбург, Нант - Скјерн, ПСЖ - Келце.

 

Најново во Ракомет