ЕХФТВ ЈА ОДБРА НАЈДОБРАТА СЕДМОРКА

Француска доминација: Нема место за вардарци во тимот на колото

Најдобриот тим по првите четвртфинални мечеви е составен од шест играчи на француските тимови и еден од Келце. 

објавено: 23 април 2018 - 07:48

ЕХФТВ го состави најдобриот тим по првите четвртфинални пресметки. Чудно, но вистинито во него нема место за ниту еден играч на Вардар. Иако македонскиот шампион во драматична завршница го совлада Кил на гостински терен (28-29) со голот на Хорхе Македа, тоа не беше доволно.

Тимор на колото е составен од шест ракометарите на француските екипи и еден од Келце.

Голман: Винсент Жерард (Монпелје)

Лево крило: Доминик Клајн (Нант)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)

Десно крило: Давид Балагер (Нант)

Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Монпелје)

Најново во Ракомет