Раул Гонзалез и Хуан Карлос Пастор се стари познаници

„Школските“ во нова умствена битка

И двата тренери потекнуваат од одличната школа на сега веќе згаснатиот Ваљадолид кој е расадник на „големите умови" низ ракометниот свет

објавено: 15 октомври 2016 - 09:41

Шампионот на Македонја, Вардар утре во 17:30 часот ќе го пречека Пик Сегед. Вториот по квалитет унгарски тим е незгоден, но „црвено-црните" не би требало да имаат проблем за да ја запишат четвртата победа во ЛШ.

Воедно, овој дуел е интересен и од друг аспект. Предводниците на двата тима Раул Гонзалез (Вардар) и Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед) е всушност дуел на два големи пријатели. И двајцата тренери својата кариера ја запичнале во сега веќе знаснатиот Ваљадолид и практично нивното познанство трае уште од мали нозе.

За тоа говори и изјавата на тренерот на Вардар кој вчера, на прес-конференцијата кажа „Јас знам како размислува Пастор и тој мене добро ме познава и затоа знам дека ќе биде тешко".

Во последните два наврати Раул беше тој што се радуваше на победата а се надеваме дека така ќе биде и утре.

НЕДОСТАТОКОТ НА ХАРБОК Е ГОЛЕМ „МИНУС" ЗА УНГАРЦИТЕ

Ракометарот кој летово од Вардар замина во редовите на Пик Сегед, Сергеј Харбок нема да игра на утрешната средба. Русинот поради операција на носот, по повредата против Келце ќе мора да паузира околу две седмици.

„Отсуството на Харбок ни задава проблеми, бидејќи тој е еден квалитетен играч во сите сегменти од играта. Ќе ни недостига, но таква е ситуацијата и нема жалење. Останатиот дел од тимот треба да покаже дека вреди" дециден беше левиот бек Тијаго дос Сантош.

Секако дека ова за стручниот штаб и неговите соиграчи од Сегед ова ќе биде голем минус пред овој меч, додека публиката во СЦ „Јане Сандански" нема да има можност да му се заблагодари за сето тоа што го имаше сторено изминативе сезони во црвено-црниот дрес.

 

Најново во Ракомет