НЕ Е ИСТО

Гонзалез признава: Со Вардар беше поедноставно, во ПСЖ е друго

Раул Гонзалез е новата надеж на ПСЖ во обидот да дојде до првата титула во Лигата на шампионите. По неколку месеци на клупата на францускиот тим шпанскиот стратег ги пренесе импресиите за сајтот на ЕХФ. 

објавено: 9 октомври 2018 - 22:30

Раул Гонзалез по неколку месеци на „кормилото“ на ПСЖ пренесе дел од своето искуство во францускиот тим, но и направи споредба со Вардар. Шпанскиот стратег вели дека почетоците секогаш се комплицирани, иако резултатски тоа не може да се почувствува барем кога станува збор за Лигата на шампионите. 

Раул мораше да го научи францускиот јазик, а потоа да ја наметне својата филозофија на игра на бројните ѕвезди во тимот. 

„Јас сум нов и мора да тренираме многу за тимот да игра како што сакам. Дури и со многу добри играчи, мора време, работите не доаѓаат лесно. Комплицирано е. Прво што сакав да направам кога дојдов беше да научам француски за да можам да им ја објаснам на играчите мојата филозофија. Морам малку да се потрудам, не ми е лесно“, вели Раул.

Дали притисокот овде во ПСЖ е различен споредено со Вардар?

„Целосно. Само погледнете ја лигата, овде е многу добра и секој тим може да ве победи, ако не играте добро. Во Вардар, можев повеќе да се фокусирам на ЛШ. Исто така, многу различна е организацијата во клубот“.

Дали титулата во 2017 година беше највисоката точка во твојата кариера?

„Една од највисоките, да и тоа поради многу причини. Работевме напорно за да ја оствариме оваа цел и сè што вложивме ни се исплати и многу сум горд поради тоа. И стануваше збор за Лигата на шампионите, што значи дека сте победиле многу добри клубови од Европа, а нема многу други такви нешта во ракометот“.

Што научивте во годините минати во Скопје?

„Дека секогаш мора да се обидувате да го стварете тоа што сакате со тимот. Мора да размислувате заеднички, а не да бидете изолирани од нив. Исто така за да направете промени потребно ви е време".

*Целото интервју може да го прочитате на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет