ШТО ДА СЕ КАЖЕ ПО ЕДЕН ВАКОВ МЕЧ

Гонзалез: Штербик блескаше, заедно со него и одбраната

Вардар го запиша шесттиот триумф во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај ППД Загреб славеше со 29:23.

објавено: 11 ноември 2017 - 22:55

Вардар го запиша шесттиот триумф во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај ППД Загреб славеше со 29:23. Одбраната на европскиот шампион предводена од Арпад Штербик функционираше одлично, што пак беше дополнителен мотив за нападот. Ваквата игра очекувано го радува и тренерот, Раул Гонзалез.

"Завршивме одлича работа во Загреб. Знаеме како е да се игра на овој терен, добро се сеќаваме на мечот од минатата сезона и сторивме за да не се повтори. Арпад Штербик блескаше на голот , исто како и нашата одбрана од која сум презадоволен. Во првото полувреме постигнавме неколку лесни голови, дојдовме на осетлива предност, која ја задржавме во вториот дел и успеавме да ја зголемиме. Задоволен сум од победата и прикажаната игра",изјави по мечот Раул Гонзалез.

 

Најново во Ракомет