Гонзалез: Среќни сме, Вардар остана лидер во групата, тоа не е мала работа

Вардар е пред портите на четвртфиналето. Против Пик Псегед се врати на победничките патеки и се зацврсти на врвот на табелата во групата А. 

објавено: 18 февруари 2018 - 19:02

Вардар е веќе пред портите на четвртфиналето. Против Пик Псегед се вратија на победничките патеки и се зацврстија на врвот на табелата во групата А. Унгарскиот тим повторно се покажа како тврд противник, но вечерва европскиот првак го имаше расположениот Тимур Дибиров, кој постигна 11 погодоци. 

По мечот, тренерот Раул Гонзалез не го криеше своето задоволство, но истовремено призна дека очекувале тежок меч со унгарскиот вицепрвак.

„Им честитам на Пик Сегед, играат добар ракомет. Знаевме дека мечот ќе биде тежок, со нив секогаш имаме проблеми. Првите 15 минути не игравме добро, но на крајот успеавме да поведеме со два гола разлика. Во второто полувреме дојдовме на пет гола, но потоа паднавме на неколку минути, тоа беше доволно за да Пик Сегед за да се закани.

Имавме голем притисок, знаевме дека оваа победа за нас е сè, бидејќи се работеше за првото место во групата. Јас сум многу задоволен од моите играчи. Вардар е на првото место на табелата оваа сезона што пак не е мала работа. Имаме три бода предност пред Нант и четири во однос на Барселона“, изјави Раул Гонзалез. 

 

 

Најново во Ракомет