ПО РЕМИТО ВО СЕГЕДИН, ВАРДАРЦИ ЕДНОГЛАСНИ

Гонзалез: Задоволен сум, освоивме бод на тешко гостување

Победничката серија на Вардар во Лигата на шампионте заврши на гостувањето кај Пик Сегед. Европскиот првак освои бод, но имаше и шанса да дојде до победа, во финишот на мечот Тимур Дибиров промаши чист зицер. 

објавено: 8 октомври 2017 - 10:00

Победничката серија на Вардар во Лигата на шампионте заврши на гостувањето кај Пик Сегед. Европскиот првак освои бод, но имаше и шанса да дојде до победа, во финишот на мечот Тимур Дибиров промаши чист зицер. 

По еден ваков тежок меч, стратегот на „црвено-црните“, Раул Гонзалез е задоволен со освоениот бод, тој потенцира дека сите екипи ќе имаат проблем да слават во Сегедин. 

„Честитки на противникот за добрата игра. Стручниот штаб на Сегед одлично работи, а тоа дава резултати на теренот. Скубе одигра одличен меч, а и публиката беше на ниво. Задоволен сум што освоивме бод, затоа што ова беше тешко гостување и другите екипи ќе имаат проблем да слават во Сегедин", изјави Раул Гозналез по мечот.

За Арпад Штербик не е изненадување што Вардар го одигра најтешкиот меч во досегашниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

„Ова беше тежок меч. секогаш е така во последниве неколку години кога играме против Сегед. Не сум задоволен од нашата игра. Сегед одигра подобар ракомет, а ние можеме да бидеме задоволни со ремито. Мило ми е што Сегед секогаш е во група со нас, но секогаш е тешко да се игра против ваков противник и мора да си добро подготвен. Нема многу сали во Европа со таква атмосфера како што е оваа во Сегедин". Арпад Штербик.

Вардар кој остана на првото место во групата А, во следното коло на домашен терен ја пречекува Барселона. 

Најново во Ракомет