ГОЛЕМИОТ БОРЕЦ ДЕФИНИТИВНО ГО НАПУШТА ВАРДАР

ГОТОВО Е: Рајн Некар го завери Илија Абутовиќ

По истекот на сезоната, Илија Абутовиќ се сели во Рајн Некар Левен. Договорот е на две години, останува само да биде официјализиран. РК Вардар останува без столбот на својата одбрана

објавено: 14 ноември 2017 - 10:27

По Раул Гонзалез и Арпад Штербик од следната сезона дефинитивно во дресот на Вардар нема да го гледаме ниту Илија Абутовиќ. Најавите дека главниот дефанзивец ги напушта „црвено-црните“, денеска ги потврди единствениот спортски весник кај нас „Македонски спорт“. Дефинитивно во следните две сезони Абутовиќ ќе го носи дресот на Рај Некар за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески.

Преговорите се веќе завршени, преддоговорот е потпишан и сега ќе се чека бундеслигашот да го плати обесштетувањето на Вардар за трансферот да биде официјализиран.

Абутовиќ е дел од играчите кои имаат најдолг стаж во вардаровиот дрес, од 2011 година, кој, како играч, растеше заедно со успесите на клубот. Покрај шампионските и куп-титулите во македонското првенство, големиот борец може да се пофали и дека бил дел од клупската историја освојувајќи три шампионски титули во СЕХА-лигата, како и најсјајната титула во Лигата на шампиони.

Најново во Ракомет