ПОЛНИТЕ ТРИБИНИ ИМ ДАВААТ ВЕРБА НА ВАРДАРЦИ

Гонзалез: Играме пред нашата публика, верувам во победа

Вардар во сабота на домашен терен ја пречекува Барселона во дербито во групата А, победникот од оваа средба ќе ја преземе лидерската позиција. Во таборот на „црвено-црните“ веруваат дека каталонскиот гигант може да се добие, добрата одбрана и полни трибини е победничката формула.

објавено: 12 октомври 2017 - 12:27

Вардар во сабота на домашен терен ја пречекува Барселона во дербито во групата А, победникот од оваа средба ќе ја преземе лидерската позиција. Во таборот на „црвено-црните" веруваат дека каталонскиот гигант може да се добие, добрата одбрана и полни трибини е победничката формула.

„Најголем противник, добри и искусни играчи. Ако сакаме победа мора одбраната да ни биде на ниво, како и секогаш и да го оправда епитетот најдобра одбрана во Европа. Во нападот мора да бидеме паметни, Барса го има Перез де Варгас на голот. Имаме ист број на бодови и двата тима сакаат победа, ќе биде тешко, но на наш терен и пред нашата публика верувам во победа“, изјави на денешната прес-конференција, Раул Гонзалез.

И ракометарите на Вардар се свесни дека не смеат да грешат против Барселона, мора да се искористат сите шанси доколку сакаат да дојдат до четвратата победа сезонава, прва против шпанскиот тим на домашен терен. 

„Барселона е единствениот противник кој оваа сезона ни нанесе пораз. Во Доха не бевме на посакуваното ниво, но сега верувам дека можеме да одиграме многу подобро. Противничкиот голман е најдобар играч противникот. Мора да ги искористиме сите шанси, не смееме да си дозволиме грешки. Тоа што сме европски шампиони научивме да се носиме со тој притисок, не летаме, добро се носиме, играме и се бориме за секоја победа“, рече Столе Стоилов.

Вардарци единствениот триумф против шпанскиот тим го остварија кога најмногу беше потребно, на фајнл-форот во Келн за пласман во финалето во Лигата на шампионите.

 

Најново во Ракомет