ПОЗНАТ СОСТАВОТ НА МЕТАЛУРГ

Гуглета се враќа за Мотор

Металург денеска (15 часот) му гостува Мотор Запорожје во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите.  

објавено: 8 октомври 2017 - 11:50

Екипата на Металург денеска (15 часот) му гостува на Мотор Запорожје во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда на овој дуел ќе настапи без помошта на Филип Кузмановски, кој поради повреда на стапалото заработена на мечот против ППД Загреб, остана во Скопје.

Александар Јовиќ направи мали промени во составот. Во тимот се враќа Александар Гуглета, кој ја санираше повредата. Во Украина не отпатуваа ниту голманот Никола Даниловски и крилото Мице Шилегов. Мартин Томовски ќе биде поддршка на Дарко Арсиќ на голманската позиција.

Александар Јовиќ и неговите избраници кои во минатото коло на домашен терен ја забележаа првата победа во елитното натпреварување, во Харков ќе имаат тешка задача. Мотор Запорожје е второпласиран тим, има скор од две победи и еден пораз.  

СОСТАВИ

Мотор Запорожје: Бабичев, Буиненко, Денисов, Харбуз, Киреев, Комок, Козакевич, Кубатко, Маласинскас, Пачковски, Пуховски, Шелменко, Шевелев, Шинкел, Сорока и Тчеличев.

Металург: Арсиќ, Томовски, Анџелиќ, Арсеновски, Димитриевски, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Палевски, Пешевски, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Најново во Ракомет