ВАРДАРОВИОТ ПИКЕР Е ИНТЕРЕСЕН И ЗА РОМАНСКИОТ ТИМ

И ЧСМ Букурешт се вмеша во трката за Драгана Цвијиќ

Српската интернационалка во редовите на ЖРК Вардар и натаму е најбараната ракометарка во Европа. По Ѓер, Драгана Цвијиќ се најде на листата на желби на ЧСМ Букурешт.

објавено: 2 февруари 2018 - 16:00

Актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите, Ѓер не е единствениот тим кој во моментов е заинтересиран за услугите на Драгана Цвијиќ. Српската интернационалка со своите игри во дресот на „црвено-црните“ оваа сезона е вистински магнет за европските тимови.

Во редот на Цвијиќ застана и ЧСМ Букурешт. Иако романскиот тим во моментов има три ракометарки на пикерската позиција, сепак подготвил понуда за 27-годишната ракометарка. Покрај Цвијиќ, следната сезона во ЧСМ Букурешт може да ја видиме и Јованка Радичевиќ.

Од информациите до кои дојде „Спортмедиа“, Амандин Лејно веќе ги има договорено сите детали со Ѓер, каде ќе биде замена за Ева Киш, чиј договор истекува на крајот на оваа сезона. Претходно, Александар Лакрабер официјално потпиша за француски Флер.

 

 

  

Најново во Ракомет