СТИГНА НОВА ПОНУДА ЗА ДЕСНИОТ БЕК НА ЖРК ВАРДАР

Кликовац на пат кон Романија

И Андреа Кликовац влегува во друштвото на ракометарките на ЖРК Вардар кои следната сезона би можеле да ги гледаме во дресот на романска екипа.   

објавено: 12 февруари 2018 - 20:35

Вардарки и натаму се најактуелни на пазарот во Европа. По веста дека ЖРК Вардар ги „распушта“ своите ѕвезеди, во таборот на македонскиот шампион е доста раздвижено. Додека дел веќе ставија потпис на договорите со новите клубови, секојдневно на адресата на останатите ракометарки стигаат понуди.

Романска Крајова е сериозно заинтересирана за услугите на Андреа Кликовац. Станува збор за тим кој се наоѓа на третото место на табелата во тамошниот шампионат. Покрај романската екипа за името на десниот бек на македонскиот шампион беше поврзуван и унгарски Шиофок. Кликовац во Вардар дојде во 2002 година, таа како и останатите ракометарки ја играат последната сезона.

Пред еден час, Ѓер го потврди трансферот на Амандин Лејно, а претходно Александар Лакрабер потпиша за францускиот тим на Флери. Неофицијално Јованка Радичевиќ е желба на ЧСМ Букурешт, додека Драгана Цвијиќ би можела да и се придружи на Лејно во таборот на актуелниот бранител на титулата.    

Ова ќе биде последна сезона во која „црвено-црните“ ќе настапат во силен состав, а според досегашните игри може да се очекува и со титула во Лигата на шампионите да се одјават од Скопје.

Најново во Ракомет