ЕВРОПСКИОТ ПРВАК НА МАКИ

И Монпелје во проблеми

Стратегот на европскиот првак, Патрис Канаје на дуелот со Вардар (сабота, 17:30 часот) нема да смета на услугите на Матје Гребиј.

објавено: 13 септември 2018 - 12:30

Не е само Вардар. И Монпелје со соочува со проблеми пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, во која ќе се обиде да го прекине проклетството и да стане првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата.

Покрај Мишел Гигу кој веќе одамна е на листата на повредени играчи, стратегот Патрис Канаје на дуелот со Вардар (сабота, 17:30 часот) нема да смета на услугите на Матје Гребиј. Левиот бек настапи само во првото коло од францускиот шампионат, а потоа се пожалил на проблеми со грбот. Гребиј не беше во составот на тимот на вчерашниот меч со Тулуз.

Македонскиот првак во комплетен состав (без тројцата повредени играчи) отпатува за Монпелје, каде ќе има доволно време за последна подготовка пред саботната пресметка.

 

Најново во Ракомет