ФРАНЦУЗИНКАТА НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА СИ ЗАМИНУВА

И официјално Лакрабер две години за Флери

Ракометарката на Вардар, Александра Лакрабер ја завршува својата „мисија“ во Скопје. Десниот бек потпиша двегодишен договор со францускиот тим Флери.

објавено: 2 јануари 2018 - 09:57

Александра Лакрабер ја игра последната сезона во дресот на македонскиот шампион, ЖРК Вардар. Десниот бек на „црвено-црните“ во следните две години ќе го носи дресот на францускиот тим Флери.

Трансферот на Лакрабер го потврди тренерот на Флери, Кристог Пасан, кој ја најави како големо засилување. Нејзиното меѓународно искуство ќе биде од голема помош на тимот за остварување на високо поставените цели.

 

Најново во Ракомет