САМО ЧЕТИРИ ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ ДЕКЛАСИРАН ВО МАНХАЈМ

И тоа се случи - Монпелје победи

По седум кола актуелниот правак во Лигата на шампионите, Монпелје конечно се израдува на првата победа, пред своите фанови му се реваншираше на Рајн Некар за убедливиот пораз на гостински терен совладувајќи го со 31-26. 

објавено: 14 ноември 2018 - 22:17

Монеплје конечно излезе од сивилото и заигра шампионски, како што доликува на еден бранител на титулата во натпреварување како што е Лигата на шампионите. Убедливиот пораз на гостувањето во Манхајм во минатото коло не се одрази врз играта на ракометарите на францускиот тим, напротив на теренот излегоа далеку помотивирано, повеќе од доволно за прва победа во елитното натпреварување по седум кола (31-26).

Од друга страна „лавовите“ беа далеку од препознатливото ниво, на полувремето имаа негатива од 16-12 и во нути еден момент во продолжение од мечот вистински не се заканија.

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески беше стрелец на два гола од три обиди, кај победникот Гигу и Ричардсон имаа по седум погодоци.

Поразот на РНЛ доаѓа во вистинско време, заедно со Клеце и Вардар се трите тима кои се борат за второто место во групата А. 

 

Најново во Ракомет