И НАТАМУ СЕ ПРАВАТ АНАЛИЗИ ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО БУДИМПЕШТА

И ТРИ ДЕНА ПО Ф4: ЕХФ ги величи Вардарки

Иако еуфоријата за годинешното издание на „Фајнл-форот“ во ЛШ полека стивнува и сите погледи речиси се свртени кон завршницата во машка конкуренција, ЕХФ и натаму е под импресии за она што се случуваше во Будимпешта.  Европската ракометна федерација направи листа на пет највпечатливи моменти, а на неа се најдоа Ања Алтхаус и Ирина Дибирова.

објавено: 10 мај 2017 - 15:15

Иако еуфоријата за годинешното издание на „Фајнл-форот" во Лигата на шампиони полека стивнува и сите погледи речиси се свртени кон завршницата во машка конкуренција, ЕХФ и натаму е под импресии за она што се случуваше во Будимпешта. Европската ракометна федерација направи листа на пет највпечатливи моменти, а на неа се најдоа Ања Алтхаус и Ирина Дибирова.

„Каква партија на Германката во финалето. Алтахус беше најважниот дефанзивец на Вардар, а тука е најзиниот рекорд (шест од шест), кој пак доволно говори за нејзиниот придонес во македонскиот шампион. Германката која крена многу трофеи во нејзината кариера, вклучувајќи го и оној во ЛШ во 2009 година, сонуваше истиот успех да го повтори со Вардар.
По завршувањето на Ф4 таа најави повлекување од ракометот, на прес-конференцијата по финалето таа не можеше да ги сокрие емоциите, заплака.
Ања ти благодариме за одличните игри, едно е сигурно - ќе ни недостигаш", пишаа од ЕХФ.

Во топ-5 листата се најде и тренерот на македонскиот тим, Ирина Дибирова. Според новинарите на европската ракометна федерација, Вардар оваа сезона се покажа во најдобро издание. За тоа говори и настапот на Ф4 и освоениот сребрен медал. Голема заслуга за ова има Ирина Дибирова, одлуката да биде прв тренер е сосема исправна.

„Вардар веќе не е само добар тим, туку кандидат за титула", признава ЕХФ.

На Топ-5 листата се најдоа уште Нора Морк, Анита Горбиќ и Сузана Томори.

Најново во Ракомет