ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ЌЕ ЈА БРАНИ КРУНАТА

ИСТОРИЈААА: Доктори за германски пациенти, Вардар повторно во Келн

Келн повеќе не е сон, Келн е реалност. Македонскиот и европски првак испиша нова историска клупска страница, а на добар пат е да го стори истото и во Лигата на шампионите. 

објавено: 29 април 2018 - 18:39

Келн повеќе не е сон, Келн е реалност. Македонскиот и европски првак испиша нова историска клупска страница, а на добар пат е да го стори истото и во Лигата на шампионите. Да стне единствениот тим кој успеал да ја одбрани титулата. 

Кил успеа да слави во СЦ „Јане Сандански“ победи со 27-28, но тоа не беше доволно за пласман на фајнл-фор завршницата. Вардар уште еднаш се покажа како докрот за германските пациенти, втора година по ред ги елиминира во четвртфиналето. 

Арпад Штербик со 15 одбрани и овој пат ја имаше главната улога. Борозан со шест погодоци беше најефикасен, два гола помалку имаше Циндриќ.

По серијата на Кил од 3-0, благодарение на Ландин, кој имаше две одбрани по ред. Дури во шестата минута, „црвено-црните" го скршија ледот. Со четири погодоци во низа, во креација на Вуко Борозан (двапати погоди), а потоа на Кањелас и Дибиров, во деветата минута поведоа со 4-3. Најсилното оружје на Вардар, одбраната беше на врвно ниво. Токму затоа Раул Гонзалез и неговите избраници поведо со највисоки 8-5 во 13. минута, позитива која ја имаа уште на двапати (9-6, 10-7), но по која Кил се враќаше. Што благодарение на техничките грешки, но и по двата промашени седмерци на Иван Чупиќ. Во овој дел блескаше Штербик, имаше осум одбрани, а на полувремето беше 13-13. 

По одморот, двете одбрани на Штербик во серија, го однесоа Вардар е на плус три (18-15) во 34. минута. „Пукаа“ Кристопанс, Мораес и Борозан. Седум минути подоцна Дибиров од најтешката позиција погоди за највисоки 21-17.  Алфред Гисласон повика тајм-аут, кој вроди плод. Кил дојде на минус еден 21-20, но само на крајот. Циндриќ, а потоа Борозан со „бомба“ во 45. минути ја врати позитивата од три гола (23-20). 

И како по некое непишано правило, наместо ракометарите на Вардар да го дотолчат противникот, му дозволуваа да се враќа во игра, на осум минути до крајот беше 25-24. Ландин влезе во форма за нова драма во СЦ „Јане Сандански“. 

Штербик со 15 интервенција и Кристопанс го качија на Вардар на ветувачки 27-25. Винцек се погрижи за драма (27-26), на другата страна Циндриќ не погоди, Билик изедначи на 27-27 на 30 секунди до крајот, победничкиот гол го постигна Егберг. 

Најново во Ракомет