ПОСТОЈАТ ШАНСИ ЗА ТРАНСФЕР ВО АВТОКОМАНДА

Јагањац би можел да заврши во Металург?

Кадетскиот репрезентативец на Хрватска е многу блиску до трансфер во македонскиот вицепрвак.

објавено: 15 август 2017 - 19:10

Кадетскиот репрезентативец на Хрватска, Халил Јагањац е многу блиску до трансфер во македонскиот вицепрвак Металург.

Тренерот Лино Червар беше заинтересиран да го донесе Јагањац уште пред стартот на подготовките, но проблем беше високата оштета што ја бара ПСЖ.

Клучната улога во овој трансфер на Јагањац треба да ја одиграат Висла Плоцк и Немања Обрадовиќ. Металург бара оштета за српскиот интернационалец, кој се уште нема дебитирано за полскиот вицепрак. Решението е полскиот тим да ја плати слободата на Јагањац, а за возврат да го добие Обрадовиќ и се чини дека дека тоа ќе биде најбезболно и сите инволвирани во случајот ќе бидат задоволни.

Сигурно е дека младиот хрватски репрезентативец пристигнува во Автокоманда дури и случајот со Обрадовиќ да не биде решен, бидејќи Металург е подготвен да се договори со ПСЖ околу отштетата.

Најново во Ракомет