НА ИЗНЕНАДУВАЊАТА ИМ НЕМА КРАЈ

КАКВА ВЕЧЕР: И Барселона елиминирана, Монпелје во четвртфиналето

Барселона по долги години нема да ја видиме ниту во четвртфиналето во Лигата на шампионите, ниту на завршницата. Францускиот тим по голема драма успеа да ги одбрани трите гола предност, на реванш дуелот загуби со 30-28. 

објавено: 31 март 2018 - 20:07

Барселона по долги години нема да ја видиме ниту во четвртфиналето во Лигата на шампионите, ниту пак на завршницата во Келн, тимот кој што беше еден од главните кандидати за освојување на титулата е еломиниран.

Францускиот тим, Монпелје по голема драма успеа да ги одбрани трите гола предност од првиот меч и на реванш дуелот загуби само со два гола разлика 30-28 (15-14).

Во последните минути се случуваше вистински хаос. Барселона која на овој меч беше далеку од потребното ниво во последната минута со голот на Н'Гесан влезе со 30-27, но Симоне на неколку секунди до крајот погоди за голема радост на својот тим. Монпеље во четвртфиналето силите ќе ги одмери со Фленсбург.

Македонскиот репрезентативец голман, Борко Ристовски не влезе во игра. 

Останатите четвртфинални двојки ќе бидат комплетирани утре. Вардар го чека подобриот од дуелот меѓу Пик Сегед и Кил, а се чини дека тоа ќе биде германскиот тим, Нант го пречекува Мешков Брест и Рајн Некар кој веќе е елиминиран е домаќин на Келце. 

Најново во Ракомет