ГИ ЕЛИМИНИРАА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО, НО ГИ РЕСПЕКТИРААТ

Канаје: Вардар е голем тим, ќе биде тешко

Патрис Канаје и неговите момци се причината поради која проклетсвото во Лигата на шампионите продолжи и по завршувањето на последниот фајнл-фор. Монпелје го совлада Вардар во полуфиналето и го спречи да пише нова историја. 

објавено: 14 септември 2018 - 22:00

По неполни четири месеци, Монпелје и Вардар одново ќе ги вкрстат копјата, овој пат на стартот на новата сезона во Лигата на шампиони. Иако стратегот на францускиот тим, Патрис Канаје и неговите момци се причината поради која проклетството во ова натпреварување продолжи, односно го елиминираа Вардар во полуфиналето на Ф4 спречувајќи го да испише историја, сепак со голем респтект гледаат на утрешниот меч.

Од таборот на Монпелје очекуваат тежок меч...

„Ако се прашувам јас не би рекол дека Вардар нарави големи промени, освен на голманската позиција и тренерот. Ќе видиме дали овој состав дали ќе ни направи проблеми или не. Вардар е многу добар тим, освојувач на титулата во 2017 година и полуфиналист во Келн. Ќе биде тешко“, изјави тренерот на Монпелје. 

Натпреварот е закажан со почеток во 17:30 часот, директен пренос ќе има на Арена 4.

 

Најново во Ракомет