ШПАНЕЦОТ ЈА ОДБРА УНГАРИЈА

Кањелас во Пик Сегед

Жоан Кањелас следното лето ќе го носи дресот на унгарскиот вицешампион, Пик Сегед.

објавено: 18 април 2018 - 12:23

Уште едно заминување во најава. Жоан Кањелас најверојатно ова лето ќе го облече дресот на Пик Сегед. Иако шпанскиот репрезентативец со Вардар има договор уште една година, сепак во договор со клубот порано ќе го напушти Скопје, пишува "handball planet". Кањелас во Вардар дојде во 2016 година од тимот на Кил. 

Ако им се верува на унгарските медиуми, Кањелас во Пик Сегед ќе има друштво од Вардар. Неодамна излезе информација дека и Хорхе Македа ќе биде дел од овој тим.

Засега потврдени заминувања од македонскиот тим се Лука Циндриќ (Келце), Илија Абутовиќ (Рајн Некар), Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин) и Арпад Штербик (Веспрем), како и главниот стратег, Раул Гонзалез. 

Најново во Ракомет