ШПАНСКИОТ БЕК Е ЕДЕН ОД СИГУРНИТЕ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Кањелас: Останувам во Вардар! Но, пресуден ќе биде „новиот“ Раул

Жоан Кањелас е еден од оние ракометари кого и во следната сезона ќе го гледаме во дресот на „црвено-црните“. 

објавено: 30 ноември 2017 - 21:00

Жоан Кањелас е еден од оние ракометари кого и во следната сезона ќе го гледаме во дресот на „црвено-црните". Шпанскиот бек кој има уште една година од договорот со Вардар за „g-sport“ потврди дека неговите планови засега се со македонскиот тим, единствено што може да го промени ова размислување е името на наследникот на Раул Гонзалез.

„Моите планови се врзани со Вардар, имам уште една година од договорот и засега е тоа. Ќе видиме како ќе се одвива целата работа, првенствено кој ќе биде тренер на тимот. За мене е тоа е исклучително важно", вели шпанскиот бек за „G-sport“, кој во таборот на Вардар дојде во 2016 година.

Вардар од следната сезона ќе остане без тренерот Раул Гонзалез, Лука Циндриќ, Илија Абутовиќ и Арпад Штербик. Во најава се заминувања на уште неколку ракометари.

   

Најново во Ракомет