РАЗОЧАРУВАЊЕТО КАЈ ВАРДАРЦИ Е ГОЛЕМО

КАЊЕЉАС: На Ф4 титулата е само важна, бронзата нема значење

„Ќе биде многу тешко да се кренеме и за нас и за ПСЖ, чувството не е баш убаво и искрено не сакаш да играш", искрен е Жоан Кањељас.

објавено: 26 мај 2018 - 20:48

Разочарувањето меѓу ракометарите на Вардар е големо откако не успеаја да обезбедат пласман во финалето и да ја бранат титулата. Освен шампионскиот пехар ништо друго нема значење во Келн.

„Не одигравме најдобро денеска. На вакви натпревари деталите решаваат, за жал нема да играме во финалето. Но, тоа е спортот. Лани бевме во истата позиција, но имаше среќен крај за нас, оваа година не“, вели Жоан Кањељас.

Но, не е готово, Вардар утре игра за третото место...

„Медал за мене кога ќе дојдеш на Ф4 е златото, односно титулата. Третото место можеби е важно за Олимписки игри или ЕП и СП, но во Келн нема значење.
Но, мора да играме, да ја поправиме работата утре, но имам чувство дека освојувањето на бронзата нема да биде иста ниту одблизу. Ќе биде многу тешко да се кренеме и за нас и за ПСЖ, чувството не е баш убаво и искрено не сакаш да играш“, искрен е Шпанецот.

 

Најново во Ракомет