„ТЕЖИНАТА“ НА ПОВРЕДАТА ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТА ОД ПОНЕДЕЛНИК

Карачиќ оптимист: Се надевам дека што побрзо ќе се вратам на теренот

Средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ нема да биде во составот за утрешниот дуел против Нант. Хрватскиот ракометар на тренинг заработи повреда на скочниот зглоб, доколку станува збор за истегнување ќе паузира околу две недели.  

објавено: 22 септември 2017 - 16:35

Средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ кој поради повреда на скочниот зглоб нема да биде во составот за утрешниот дуел против Нант се надева дека не станува збор за ништо сериозно и се надева дека во брзо време ќе се врати на терените.

„Се повредив на тренинг, при еден дуел со Абутовиќ, непријатно доскокнав и го повредив зглобот. Ренген снимката покажа дека за среќа нема фрактура но поради големиот оток мораше да се мобилизира зглобот. На почетокот на следната недела ќе биде направена магнетна резонанца која треба да покаже дали има оштетување на лигаментите за да знаеме што и како понатаму. Се надевам дека нема да има ништо скинато и дека ќе можам брзо да се вратам на теренот“, изјави за „Спортмедиа“, Игор Карачиќ.

Доколку се работи за посилно истегнување, тој ќе паузира од 10 до 15 дена и ќе биде третиран со терапиии, кои ќе почнат од понеделник, но доколку се покаже спортивното, лекарите дополнително ќе кажат колку време ќе биде надвор од терените.

Најново во Ракомет