ДОЈДЕ ДЕНОТ ЗА НАПЛАТА

Карачиќ: Рајн Некар има адути, но ние ја имаме публиката, денеска нема да се извлечат

Вардар, но и сите поддржувачи на „црвено-црните“ добро го паметат минатогодишениот дуел со Рајн Некар во СЦ „Јане Сандански“. Германскиот тим беше единствениот кој успеа да му нанесе пораз на македонскиот првак на домашен терен во ЛШ. 

објавено: 18 ноември 2017 - 10:00

Дојде денот за наплата. Денеска во СЦ „Јане Сандански“ се игра дербито од осмото коло во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Рајн Некар. И двата тима ќе влезат со свои пресметки, но мотивот на европскиот првак е далеку поголем.

Бундеслигашот за кого настапува, Филип Талески е единствениот тим кој минатата сезона успеа да слави во Скопје. „Црвено-црните“ најавуваат дека нема да дозволат со наведната глава да излезат од теренот, не пред својата публика. Со победата на овој меч, Раул Гонзалез ќе се зацврстат на врвот на табелата во групата А и сигурно ќе чекорат кон пласманот во четвртфиналето.

„Сите натпревари со РНЛ досега беа на 'нож', но неколкупати ние одигравме одлично, дури и се радувавме во Манхајм. Факт е дека ни лежат германските екипи, но оние што играат типичен германски ракомет, не и оваа '7 на 6' тактика. Сигурно и тие, како и ние ќе дадеме сѐ од себе да останеме непоразени и да ја задржиме лидерската позиција.
Левен сигурно дека има свои адути, игра одлично, влезе во некој силен ритам, но пред нашата публика не смееме да си дозволиме кикс како минатата година и дека Вардар овој пат ќе слави", вели Игор Карачиќ.

Вардар и Рајн Некар се единствените два тима без пораз во досегашниот дел од Лигата на шампионите. Европскиот првак има шест победи и само едно реми, додека „лавовите“ имаат четири победи и три нерешени меча. 

Ова ќе биде седми меѓусебен натпревар, досега Вардар победил на четири натпревари, а лани билансот е 1-1. „Црвено-црните" победија на мечот во Германија со 33-27, а потоа загубија на дуелот во Скопје. 

Најново во Ракомет