СЕ РАЗГОРУВААТ СТРАСТИТЕ ПРЕД ФАЈНЛ-ФОРОТ

КАВТИЧНИК ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ВАРДАР: Во Келн не доаѓаме за одмор, ќе сториме се да ги победиме!

„Среќни сме бидејќи сме меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Иако Вардар е одличен тим, ние ќе дадеме се од себе да го победиме“, најави Вид Кавтичник. 

објавено: 21 мај 2018 - 20:20

Како се одлижува фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, така се разгоруваат страстите. И дефинитивно од денеска сите погледи ќе бидат свртени кон Келн, а таму нашиот Вардар ќе биде бранител на титутлата.

Првата пречка до историјата е Монпелје, еден од трите француски тима кои успеаја да се најдат на Ф4. Противникот на македонскиот и европски првак зад себе има одлична сезона и истата планира да ја круниса токму во Келн.

Словенечкиот репрезентативец, Вид Кавтичник за официјалната страница на ЕХФ испрати порака до Вардар.

„Едно е сигурно, во Келн нема да дојдеме за одмор. Среќни сме бидејќи сме меѓу четирите најдобри тимови во Европа. Иако Вардар има одличен тим, ќе направиме се за да го победиме“, вели Кавтичник, кој сонува за нова титулата во ЛШ, по онаа со Кил во 2007 година.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра во сабота со почеток во 18 часот, пред овој дуел во полуфиналето силите ќе ги одмерат ПСЖ и Нант на Кире Лазаров. 

 

Најново во Ракомет