НЕМА СРЕЌА

Келце без Циндриќ против Вардар

Хрватскиот репрезентативец, Лука Циндриќ поради повреда не го доигра натпреварот со Мешков Брест. 

објавено: 13 ноември 2018 - 23:00

Лука Циндриќ нема среќа сезонава. Само што влезе во ритам, одново е надвор од терените. Хрватскиот репрезентативец поради повреда не го доигра дуелот со Мешков Брест. Првичните информации велат дека се работи за повреда на мускулот, па најверојатно ќе мора да паузира од две до три недели.

Постојат големи шанси Циндриќ да не биде во составот на Келце на дуелот со Вардар во Скопје, кој е закажан за први декември. На првата пресметка сезонава токму тој го предводеше полскиот тим до победата над македонскиот првак.

По седмото коло во Лигата на шампиони, Келце има десет бода исто колку Вардар и Рајн Некар, па мечот во СЦ „Јане Сандански“ кој е последен за оваа година ќе биде од големо значење за двата тима. Пред оваа средба, „црвено-црните“ ќе ги одмерат силите со Барселона и Мешков Брест на гостински терен.

Најново во Ракомет