ЛАЗАРОВ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖДРЕПКАТА ВО ЛШ

Ќе гостувам во омилените градови: Скопје, Загреб, Барселона

Новиот тим на Кире Лазаров, Нант, се најде во група со актуелниот првак Вардар, а потоа и со неговиот некогашни клубови Барселона и Загреб

објавено: 1 јули 2017 - 12:48

Синоќешната ждрепка за групната фаза во Лигата на шампионите сакаше Кирил Лазаров со својот нов тим Нант, повторно да се сретне против макдонскиот и европски првак, Вардар. Ждрепката сакаше Нант да биде во група со Вардар, но и со поранешните клубови на Лазаров, Барселона и Загреб. Противници ќе му бидат и Рајн Некар Левен, Висла Плок, Сегед, Кристијанштед.

„Задоволен сум од ждрепката. Ќе гостувам во Скопје, Барселона, Загреб. Сите тие се мои омилени градови и секаде имам голем број на пријатели. Тоа е дополнителна мотивација за мене. Се најдовме во екстра квалитетна група, каде сите противници се тешки и нема изразити фаворити. Секоја година е се потешко да се стигне до фајн-форот, а не па да се освои титулата. Барселона и Вардар имаат поголемо искуство, но во спортот никогаш не се знае ништо“, беше коментарот на Лазаров, за ждрепката во која се најде неговиот нов клуб Нант. 

Лазаров уште не се запознал со новата средина во Нант, но верува дека францускиот тим ќе успее да даде достоен отпор во групата во која се наоѓа.

Најново во Ракомет