ДОДЕКА ЕДНИ ГО ОТПИШАА, ДРУГИ ВЕРУВААТ

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА, ПОЧЕТОК НА НОВО ПОГЛАВЈЕ: Вардар нема да биде најсилниот, неверојатен како претходно, но...

Бајката која ја живеевме не само ние Македонците, туку и целиот регион добива ново поглавје...Додека едни веќе се откажаа од Вардар и за следната сезона му препишаа колапс, други веруваат дека тимот има сили да се бори со големите имиња во Европа.

објавено: 8 јуни 2018 - 12:30

Со заминувањето на Раул Гонзалез, Давид Дејвис, Арпад Штербик, Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ, Лука Циндриќ, Жоан Кањелас и Хорхе Македа заврши една убава вардарова приказна. Токму големите промени кои ги претрпе македонскиот и некогашен европскиот шампион и натаму го ставаат во центарот на вниманието во Европа.

Бајката која ја живеевме не само ние Македонците, туку и целиот регион добива ново поглавје...Додека едни веќе се откажаа од Вардар и за следната сезона му препишаа колапс, други веруваат дека тимот има сили да се бори со големите имиња во Европа.

СЕХА-лига денеска посвети текст токму на „црвено-црните"...

„Приказната не е завршена, иако заминуваат многу играчи и секако тренерот Раул Гонзалез кој е творецот на златната генерација. Многу играчи остануваат во тимот, затоа веруваме дека Вардар ќе биде силен. Можебни нема да биде најсилниот тим, и нејверојатен како претходно, но ќе биде доволно силен. Познавајќи ги момците, знаат како да им покажат на сите дека грешат. Дали можат да продолжат да го прават тоа? За Вардар, за Скопје, за Македонија, па и за целиот регион – приказната живее. Ќе започне нова ера – а сите ние нетрпеливо ја чекаме", стои во дел од текстот.

А што ја красеше златната генрација на Вардар? Одговорот е едноставен – пријателството. Гонзалез не само што е одличен тактичар, стратег и аналитичар, тој ја има формулата за единство. Благодарение на Шпанецот – Вардар стана едно големо семејство. Токму блиските врски меѓу играчите и пријателството кое го градеа со години беше една од главните причини за титулата во Лигата на шампионите.

Сега оваа должност Раул ја остава на неговиот сонародник, Роберто Парондо Гарсија...Пред него стои тешка задача – достојно да го замени „Ел Команданте" и да ја задржи хемијата која го красеше Вардар годините наназад.

Што се однесува до засилувањата, засега има молк од таборот на „црвено-црните", во јавноста се пласираат имиња како од шега, но без потврда. Она што е сигурно е дека капитенот Стојанче Стоилов ќе биде во првите борбени редови, заедно со Игор Карачаиќ, Вуко Борозан, Иван Чупиќ, Рожерио Мораес, Данис Кристопанс, Тимур Дибиров, Старихња Милиќ...

Најново во Ракомет