ВАРДАРЦИ ЗАМИНАА ЗА СЛОВЕНИЈА

Крањска Гора е новата база на европскиот првак

По седум дена минати во Скопје, ракометарите на европскиот првак Вардар денеска заминаа за Словенија. Во Крањска Гора отпатуваат сите 20 ракометари, што ги има на располагање тренерот Раул Гонзалез.

објавено: 3 август 2017 - 14:45

По седум дена минати во Скопје, ракометарите на европскиот првак Вардар денеска заминаа за Словенија. Во Крањска Гора отпатуваат сите 20 ракометари, што ги има на располагање тренерот Раул Гонзалез.

„Црвено-црните“ во Словенија ќе остане до 11 август, од каде заминува за Германија, таму ќе го одигра првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер.

Следниот ден Вардар ќе игра на турнир на Гумерзбах, во полуфиналето на 12 август силите ќе ги одмери со Рајн Некар за кого настапува Филип Талески. Следниот ден е натпреварот за пласман.

На крајот од август од 24 до 29 август, Вардар ќе играна Супер Глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.

Најново во Ракомет