ЖРК ВАРДАР И НАТАМУ Е НАЈДОБРИОТ ТИМ ВО ЛШ

Лакрабер: Кога беше најпотребно бевме најдобри

На едно коло пред крајот на групната фаза во Лигата на шампионите, ЖРК Вардар е единствениот тим без пораз. Црвено-црните" дами на гостувањето кај Ференцварош славеа со 29-28 и ја потврдија лидерската позиција, која во главната фаза од елитното натпреварување носи предности.

објавено: 11 ноември 2017 - 17:02

На едно коло пред крајот на групната фаза во Лигата на шампионите, ЖРК Вардар е единствениот тим без пораз. „Црвено-црните“ дами на гостувањето кај Ференцварош славеа со 29-28 и ја потврдија лидерската позиција, која во главната фаза од елитното натпреварување носи предности.

Вардарки се едногласни кога станува збор за дуелот со унгарскиот вицепрвак, одбраната е клучот за петата победа во низа.

„Го надигравме ФТЦ на гостински терен. Игравме без Лекиќ, но одбраната беше навистина добра. Затоа и ни беше полесно да водиме во текот на средбата. Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри“, рече Александра Лакрабер.

Тренерот на македонскиот шампион, Ирина Дибирова има право на задоволство, нејзините девојки засега се непобедливи. 

„Тука не е лесно да се игра, па и да се победи. ФТЦ има одличен тим, и тие го победија Ѓер во домашното првенство. Кај нас недостатсуваше Лекиќ, што не беше добро за нас, зашто моравме да играме без еден важен играч. Знаевме дека ФТЦ ќе сака да победи и дека ќе се обиде да игра на начин што и го очекувавме. Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода. Имавме и лош период во играта, но знаевме како да се носиме со притисокот и ситацијата. Девојките одиграа добро кога требаше. Мораме да работиме на што помалку грешки во играта. Сега се фокусираме на следниот меч со Турингер“, изјави Ирина Дибирова.

 

Најново во Ракомет